Исповед

Кафето го пиеја полека, во тишина. Имаа толку многу да кажат. Особено Бојан. Овие последни настани мораат да се образложат. Сите средби почнуваа со разговор од две реченици, а завршуваа со секс, желба да се надомести изгубеното време, излив на незапирлива река од страст, емоции, искажување физичка љубов. Чекајќи да започне да зборува, го гледаше неговиот изморен изглед на лицето и се двоумеше. Изборот ѝ беше да прекине со овој театар и да го избрка заедно со завршената врска, ветерот ја дувнал и ништо не останало освен нивните очи кои се неми сведоци за минатото време.

Кога со некого нема да се видиш долго време, пред да почнеш да се објаснуваш и разговараш, не знаеш дали е подобро да остане сé така како што било во минатото, да му кажеш да ја отвори вратата и да замине. Но, ако седнеш и разговараш шансите се големи за продолжување на врската. Ниту тој ниту таа не знаеја ништо за приватниот живот на другиот. Меѓу нив постоеше огромен јаз, бездна огромна, тајна. Неизвесноста лебдеше над нив и ако сега не ја слушне вистината, никогаш нема да дознае. Сé уште беше многу повредена, со скршени крилја, рани незацелени во срцето и душата. Затоа седеше мирно пиеше кафе и чекаше.
Бојан почна да раскажува – Ана, знам што направив. Уште од првиот момент бев свесен. Не можам никогаш да си простам сам на себе, а не да очекувам ти да ми простиш. Се гордеев со тебе со нас со нашата љубов. Може судбината така сакала но.. Не е во ред, нечовечно тоа што го направив. Може сега да плачам и да се обвинувам, но штетата е направена. Му се појавија солзи на очите. – О, Ана воздивна длабоко, – Но една вечер имаше забава од клиника. Не ми се одеше, но една колешка со која работевме заедно ме повика и отидовме заедно. Бев осамен и ајде да се дружам и јас малку. Пиеја сите и јас ајде да пробам. Не бев свесен кога се разбудив во нејзиниот кревет. Станав и си заминав. Таа се обидуваше извесно време да ме придобие, но јас ужасно се чувствував поради себе. Не се сеќавав како се случило тоа. По извесно време ми кажа дека е бремена. И ете се случи… Ако можам барем да ти објаснам Не барам простување ти кажав. Овој камен го носев на плеќи секој ден, паѓав од него, станував но упорно го носев. Но, ти остана во мене и… почна да ја прегрнува и бакнува. Бакнежите му беа долги. Јазикот почна да го милува нејзиниот врат. Ана се изненади од искреното каење. Не и се веруваше што слуша. Бојан може толку да е искрен, од дното на душата да вади чувства и да се кае колку ја повредил. До сега брзо мислеше дека Бојан не се ни сеќава на неа, безобразно и вешто ја оставил да страда. И се измешаа чувствата и она што се чуваше длабоко во душата почна да ја гуши, мораше да го извади од себе. Сите тие пластови тежина што ги носеше во себе експлодираа и не можеше да се воздржи. Ана се изненади од искреното каење. Не и се веруваше што слуша, толку да е искрен, од дното на душата, вади чувства и се кае колку ја повредил. До сега брзо мислеше дека Бојан не се ни сеќава на неа.
Сум била во заблуда, или ти си бил ѕвер скриен во јагнешка кожа? Не знам зошто си дојден, не ме интересира, но ме побара и навистина сакам да го знаеш ова, со што јас заслужив да заминеш без да ми се јавиш. Барем да ми јавеше. Како си можел со друга да заминеш без да ми објасниш? Твое право е да бираш но треба да бидеш фер, а не да манипулираш со мене. Сега ме интересира зошто ме побара?

Затоа што не престанав да те сакам. Продолжи да ја бакнува. За миг неговите вешти раце почнаа го милуваат нејзиното тело, како да свират на гитара. Ана се исправи, да замине, но ја качи на маса. И ги исправи колената, ја спушти подоле и нежно и ги спушти гаќичките. Нежно ја масираше по нозете, а јазикот почна да му оди надолу по градите, грицкајќи ги со забите нејзините брадавици кои стануваа се потврди и потврди. Градите толку и напнаа што мислеше ќе и пукнат. Онаа жар да се поседува другиот со сите сетила се надвисна над нив. Таа почна да ги шири нозете и тој и ги рашири уште повеќе. Почна со рацете да го масира меѓуножјето, додека сами не се раширија нозете најмногу што може, и својот набрекнат орган го стави во неа. Стоеше право и ја гледаше во очи а таа излегуваше и влегуваше во него се подлабоко заривајќи се во него. Нејзината страст сосема се отвори под него. Беше влажна, мека , кадифеста. Во еден момент Бојан го извади својот орган ја симна од маса ја заврти и почна да влегува во неа како сврдел сé подлабоко. Сите сокови им се споија. Задоволството беше преголемо.
Во таа положба останаа уште некое време. Бојан ја прегрна и и рече. -Морам да заминам, а не сакам ни за миг да се одвојам од тебе, ти си мојот живот, мојата душа, моето срце, моето сé. Тој отиде во бања се истушира, се облече и и рече Ана јас одам. Те поканувам во текот на идниот месец да го посетиш мојот град, впрочем да завршиме и со разговорот. Таа седеше неподвижна уште некое време без да се помрдне. Потоа стана се истушира и во бањарка седна на фотеља да гледа телевизија.