Напалена авганистанка

avgnaПред да ме наречете курва или ороспија, дозволете ми да ви објаснам како дојде до тоа.

Пред три години мојот сопруг Мирко се накани да замине во Авганистан, како шофер во американска фирма. Долго време чекавме да му ја одобрат апликацијата, а Мирко мува не го лазеше. Бев убедена дека Мирко забушава како и секогаш, дека не сака да оди и ја завлекува работата, па решив да појдам кај човекот што му беше посредник. За да бидам повпечатлива се одлучив да го облечам мојот црвен фустан што го носев на регистрацијата со Мирко. Моите бујни неразгибани цицки ѕиркаа од деколтето, стегнатата половина и раскошните бутови ме направија да се чувствувам посакувана. Ја пуштив мојата кадрава коса, локните нежно ми ги галеа рамениците. Кога стигнав кај него, осетив некој немир, топлина проструи по моето тело. Живко беше слаб и испиен маж со бркови, кој не го тргна погледот од моите цицки. Одамна Мирко ми ги немаше гмечено цицињата и убаво ми дојде кога Живко ми ги растресе со поглед. Цело време ми се вртеше во главата дека ако му се дадам на овој ќе ми го пушти Мирко мој за Авганистан. Си реков, Љубице чесна домаќинке, не е сапунче да се потроши, ќе замижиш, а и ќе се офајдиш колку без ич.Сакаше да му го пушам. Полека почнав да ги лизгам моите жар црвени полни усни по неговата машкост. Со јазикот го лижев неговиот цврст и напнат кур по целата должина, нежно му ја шмукав главичката, се додека моето јако цицање не го направи да ја распрсне неговата сперма по целото мое лице.

Поминаа 4 месеци откако Мирко мој замина во Авганистан. Лежев во кревет покриена со кебе и си ја гледав мојата турска серија, кога од некаде почнав да слушам звуци на нечие тешко издишување, го намалив тонот на телевизорот и убаво можев да го слушнам стенкањето на моите соседи.
Поминаа две недели а мене умот само во Стојан ми беше. Висок, строен прав арслан. Ја видов од прозор неговата Мара дуздисана како заминува некаде и реков море ќе го одвлечкам во постела па што сака нека биде. Се стегнав во панталони а кошулата ја откопчав за пола цицки да ми висат надвор, ја натапирав косата и право заминав кај Стојан. Кога ми ја отвори вратата, забележав дека моите цицки му го одвлекоа вниманието. Му кажав дека ми ја исклучија кабловската и дека сум појдена за да си ја гледам турската серија, тој беше љубезен и кафе ми направи, седна наспроти мене и додека јас демек ја гледав серијата тој ме зркаше во цицките. Намерно го испуштив филџанот со кафе од рака, и се истури на тепихот. Почнав да се туфкам, Стојан донесе крпа и застана пред мене, јас се наведнав на колена, го напучив газот и кога се наведнав цицките му ги истурив пред нос. Знаев дека нема да се воздржи и дека ќе ја потпушти раката за да ме зграпчи за цицка.
Мојата незаситност за мандалото на Стојан беше се повпечатлива. Од тогаш станав напалена авганистанка. А и Стојан се палеше на мојата госпожа. Го користевме секое отсуство на Мара за да се пердашиме. Од кога почнав да му влегувам во постела на Стојан, сите ја забележуваа мојата позитивна промена, процветав. Се јави пријател на Мирко мој, се вратил од Авганистан и ми носел поздрав од Мирко. Блаже дојде да ги донеси парите што ми ги пуштил Мирко. Ми даде комплименти за тоа колку сум се разубавила од кога заминал мажот ми, а јас пустата две недели не ебена од Стојан почнав да се влажнам. Малку си ја потпуштив ногата па кога ме грабна, ме стисна под него,почна да ме дрпа по цела снага. Ми го начука пред да трепнам. Бревташе како здивен бивол, а оган гореше во мојата пичка, бев толку жешка што ни топломер не би ме издржал не па запечениот Блаже. Му свршив на кур а тој ми сврши на цицки. Му се заарни на Блаже па се почесто ми се пикаше меѓу нозе, а масивното мандало на Стојан не смееше да се запостави. Повеќе време поминував во стенкање отколку во готвење, што беше сосема спротивно кога Мирко беше дома, цел ден бев во кујна а напати му текнуваше да ме пипни. Не ебена жена е како цвеќе без вода, полека вене а сега процветав. Дојде време Мирко, печалбарот мој да се врати дома. Си помислив Љубице или ќе го смениш, ќе те еби секогаш и секаде или ќе ти шета газот. Кога стигна дома па кога ме виде заспаниот во панталоните му се разбуди. Ми се нафрли како никогаш порано, мислев дека целиот ќе влези во мене, не можеше да ми се насити. Ех, Мирко мој, си помислив значи си знаел како требало ама од пуста твоја заспаност не можеше ни жената да си ја угостиш со твојот колач. Додека ти возеше во Авганистан мене овде други ме возеа, ама јас избрав со тебе да се возам на долга патека наречена брак.