Свадба

Денот кога е мирен и спиењето е спокојно, а кога се случуваат разни настани, било весели или морбидни и спиењето е неспокојно. Стив спиеше немирно и бучно, изговараше имиња што не ги познавав. Не можев да заспијам. Станав, ја вклучив столната ламба и си повторував зборови од книгите од курсот по јазик. По некое време и Стив се разбуди и ме праша: „Мила, што правиш?“. Одговорив со студен и мирен тон: „Не можам да спијам. Се вртиш и цела ноќ повикуваш некого, некои имиња што не ги познавам“. Ништо не кажа.
Новиот ден се наѕираше под месечевата завеса. Стив се симна по пижами долу. По некое време слушнав дека и мама Елена му се придружи. Очигледно никој од нас не спиеше. Разговараа тивко. Таа му зборуваше со нервозен тон, тој слушаше и по некое време почнаа да се расправаат. Заѕвони мобилниот телефон на Елена. „Кој ли е толку рано“, си помислив. Се јави Миле, татко му на Стив. Не можев да разберам, но претпоставував зошто се јавува. „Блиску сте? Добро и ние сме будни“. Елена заврши со разговорот и ни се обрати: „Вие средете се, јас ќе правам палачинки и ќе го подготвам појадокот“.

Јас се качив горе. Пуштив музика и почнав да се туширам. Зад мене почувствував допир. Тоа беше Стив. Се пикна под тушот со мене и ме прегрна. Почувствував како да бара спас од нешто. Ме прегрнуваше и почна страсно да ме бакнува и да ме милува по вратот. Зеде сунѓер и ми го масираше грбот. Со неговите прсти ми ги допираше брадавиците. Од неговиот допир ми станаа цврсти и ми набрекнаа уште повеќе. Стив ја затвори водата. Ме клекна и својот набрекнат кур го стави директно во мојата уста. Повторно пушти вода со посилен млаз. Со рацете му ги масирав јајцата, а неговиот кур го лижев и го ставив скоро до крајници во грлото. Стив гласно стенкаше и во еден момент почна гласно да свршува и спермата заедно со водата прскаше по сите страни. Потоа ме заврте одзади. Ми ги рашири нозете и почна со сунѓерот да го поминува моето тело од грбот па надолу. Почувствував како ме пролазуваат морници, кожата ми се наежи. Бев многу возбудена. Целата бев полна со сокови. Стив се наведна и почна со јазикот одзади да кружи околу мојата возбудена пичка која од неговиот допир се ширеше сè повеќе. Јазикот негов не застануваше, се виткаше и полека почна да влегува во мене.
Беше топол, а јас од жештина клокотев. Почнав да се тресам. Брзо го извади јазикот и неговиот врел кур го стави длабоко во мене. Почна со цела жештина да влегува во мене. Јас се возбудив уште повеќе и го притиснав со нозете неговиот сладок кур. Стив сврши во мене. Не сакав, но не можев да одолеам и да престанам. Тоа е врв на задоволство, спојување на две тела, на две фамилии, на два света, на два гени. Водата се сливаше врз нашите тела во вид на водопад. Уште стоевме прегрнати двајцата, можеби не сакавме да го заборавиме овој возвишен момент на водење љубов, момент кога се спојуваат небото и земјата, создавање и продолжување на светот. Дали е ова љубов? Ниту Стив имаше некој голем копнеж кон мене, ниту пак јас имав голема страст кон него. Реалноста беше поинаква. Ми се згади помислувајќи на емотивноста. Стив ме имаше прегрнато, не сакаше да го испушти моето тело. Полека се извлеков од неговата прегратка, тушот го зедов в раце и го ставив врз мене. Се сливаше вода врз моето тело. Сакав да се исчисти сè од мене. Музиката што ја пуштив, тивка, романтична, се дополнуваше со звукот од водата која течеше и ги покажуваше секундите, минутите кои поминуваа од времето. „Стив“, полека му шепнав не сакајќи веднаш да го прекинам овој момент и продолжив: „Да се облечеме, татко ти и брат ти ќе дојдат“. Се средивме и се симнавме долу. Излеговме надвор. Седнавме на масичката. Стив го донесе кафето. Имав впечаток како свежиот утрински ветар да го носи лошото со себе, а создава магија од чувство на мир и на спокој.

Сонцето кое полека продираше од зад планините го најавуваше денот со беспрекорна убавина и со љубов кон животот, радости, максимална исполнетост во душата и во срцето. „Ќе видиме дали таков ќе биде денот“, си реков повеќе за себе и се насмеав. Стив беше замислен, погледот му луташе некаде далеку. Го пиеше кафето со особена страст. Со цигарата правеше облачиња кои исчезнуваа во ветерот. Може да исчезне злото од неговиот поглед. Којзнае. Се појави кола од крајот на уличката. Мама Елена излезе надвор. Ги пречека, се поздравивме и седнавме сите на појадок. Јадевме полека и на сред појадок Стив стана и ми рече: „Ајде Вики, одиме да купиме што ни преостана. Утре е свадбата“. Му одговорив: „ Во 11 часот ќе дојдат двајца матичари и ќе се венчаме. Наутро ќе дојде фризерка да ме среди и шминкерка да ме нашминка“. Елена им кажа на останатите дека скоро сè е средено, само некои ситници да се завршат: „Во 12 часот утре ќе донесат кетеринг за свадбата: месо, скара, погачи, салати и пијалаци, сè е нарачано. На излегување татко му на Стив, Миле дофрли: „Стив биди достапен на мобилен. Ќе одам во болница да ја видам Леа во каква состојба е. Ќе мора мајка ѝ да ја повикаме. Денес ќе извадиме карта за да дојде најбрзо што може“. Стив нешто кажа и излеговме.
Кога влеговме в кола Стив кажа: „Ајде да поминеме в болница“. Отидовме. Во холот беа неколку пријатели, Стефка и Емили, татко му Миле и Елена. Беа повеќе од загрижени. Двајца полицајци имаше пред ходникот. Додека чекавме доктор да дојде, дојдоа и двајца инспектори: едниот беше од мојот крај, кој завршил за инспектор. Разговараше со сите. На Стив и Емили им се обрати дрско, со нервоза: „Чекајте уште време нека помине, ќе дојдат и кај вас. Ќе биде касно, тогаш никој нема да може и да сака да ви помогне“. Стив сакаше да возврати, но Миле го прекина: „Ќе разговараме ние за ситуацијава. Оставете на мене. Но, мислам дека не знаат ништо. Ако има нешто ново, јас ќе ви јавам“. Дојде докторот, крена раменици за тоа кога ќе се разбуди Леа од кома. Го прашаа дали може да дојде мајка ѝ на Леа. Тој дозволи. Заминавме сите нерасположени. Кога влеговме дома, Елена им се обрати на сите: „Денес и утре имаме свадба. Сите да се средите. Од задутре почнуваме со нормален живот“.

Дента помина со подготовки за свадбата. Утредента наутро дојдоа декоратори и аранжери за куќата. Многу зеленило, цвеќе, маси и столици. Сè наредија како што треба. Дојде музиката. Тука беа и фризерката, шминкерката и креаторката на фустанот. Сите се облекоа, музиката свиреше тивки романси. Гостите полека доаѓаа. Дојдоа матичарите, сите седнаа на столици. Почна венчалната церемонија. На врата се појавија полицајци и инспектори…