Правила и услови за користење

Следниот текст ги претставува условите на користење на страницата како и на смс услугите промовирани по пат на сите медиуми (интернет, телевизика, пишувани медиуми и сл.) како и објаснувањата во врска со целиот систем. Ве молиме внимателно и во целина прочитајте го текстов. Со користењето на услугите кои се нудат на нашите страници станувате согласни со овде наведените правила и услови.

Општи поими

Место на огласувањето – е место на коешто се огласува сервисот без разлика дали се работи за интернет локација или за реклама на тв, радио или печатени медиуми.

Посетител – е било која личност која ја посетила веб страната на којашто се рекламираат смс сервисите.

Корисник – е корисник на мобилниот телефон кој пратил правилен клучен збор и на тој начин го активирал сервисот.

Обезбедувач на услугите – се однесува на правно лице, сопственикот на сервисот.

Клучен збор – е комбинација на букви и броеви кои корисникот треба да ги прати во првата смс порака за да реализира некаква активност на сервисот (пријава, одјава, помош). Клучен збор е збор кој го определува обезбедувачот на услугите и го објавува на местото на огласувањето.

Сервис – овој термин се однесува на смс чет сервисот на бројот 149330 за Македонија.

Политика за приватност на податоците

Заштитата на личните податоци ни е важна. Корисникот сите свои податоци ги дава доброволно и не е обврзан да ги даде.

За понудените услуги собираме, обработуваме и користиме лични податоци на корисникот, на начинот кој е опишан во следниве членови.

Електронските податоци претставуваат податоци на корисниците кои сервисот го активират по пат на рекламата на интернет или со активирање преку интернетот а тоа се: ИП адресата на корисникот, е маилот на корисникот, оперативниот систем, видот на интернет пребарувачот (типот и верзијата), прегледаните страни во рамките на рекламирањето на сервисот.

Податоците кои посетителот (личноста која не го активирала сервисот) ги остава лично на местата на огласувањето а вклучуваат и број на телефон, е маил адреса и други лични и електронски податоци, се податоци кои обезбедувачот на услугите има право да ги користи во рамките на сопствените проекти. Корисникот може да го искористи своето право да ја забрани употребата на своите податоци. Забраната за користење на овие податоци корисникот може да ја побара преку контакт е маилот за подршка и рекламации.

Интернет пребарувачот на посетителот и/или корисникот при пристапот на интернет презентацијата на обезбедувачот на услугите, автоматски ги складира информациите на веб серверот на обезбедувачот на услугите. Тоа ги вклучува, помеѓу другото, датумот и времето на пристапот, УРЛ адресите на различните веб страни кои ги превземаат податоците, количината на пренесените податоци, како и видот на пребарувачот (типот и верзијата), оперативниот систем кој посетителот и/или корисникот го користи како и ИП адресата. Овие податоци се чуваат одвоено од другите податоци кои посетителот и/или корисникот ги внесува во контекстот на користењето на сервисот.

За дел од нашите услуги пожелно е да се користат таканаречените колачиња. Колачињата се мали текстуални датотеки кои ги користи интернет пребарувачот на компјутерот на корисникот. Во колачињата припаѓаат информациите за посетата на корисникот на интернет презентацијата. Во секоја сесија се користат таканаречени постојани колачиња. Повеќето пребарувачи иницијално се прилагодени да прифаќаат колачиња. Корисникот може да го прилагоди пребарувачот да ги одбие колачињата или прво да го праша корисникот за приемот на истите. Доколу корисникот ги одбие колачињата, можно е презентацијата на обезбедувачот на услугите да не работи правилно.

За да ја оптимизираме нашата услуга, користиме програми за анализа. Еден од програмите за анализа кои може (а и не мора) да се користи на интернет презентацијата на обезбедувачот на услугите е Google Analytics. Гугл анализата ги користи таканаречените колачиња, текстуалните датотеки складирани во компјутерот кои му овозможуваат анализа на користењето на сајтот. Информациите за посетата на оваа веб страна се генерираат во колачиња (вклучувајќи ја и ИП адресата) и се пренесуваат на серверот на Гугл и таму остануваат зачувани. Гугл ќе ги користи овие информации за да го процени користењето на сајтот, за да направи извештај за активностите на сајтот и за да понуди други услуги во врска со коистењето на веб сајтот и користењето на интернет. Гугл нема под никакви околности да ја поврзе ИП адресата со други податоци кои Гугл ги поседува. Колачињата можат да се изгасат со софтверско прилагодување на веб пребарувачот. Со користењето на овој сајт корисникот е согласен со тоа дека Гугл ќе ги обработува податоците кои сме ги собрале на начинот и за намената коишто веќе ги опишавме. Освен тоа, повремено употребуваме програми за анализа на своите услуги за да податоците и сознанијата кои сме ги стекнале на овој начин можеме да ги користиме во рамките на законските прописи за изработка на понуди во склад со потребите и во промотивни и маркетиншки цели.

Обезбедувачот на услугите не гарантира посебно ниту со додатни мерки на сигурност за пораките разменети преку смс пораките, интернет протоколите (ХТТП, емаил) како и говорните повици, повеќе од мерката која ја пружаат провајдерите на овие услуги (телеком, мобилни провајдери, интернет провајдери).

За потребите на пружање на смс сервисот обезбедувачот на услугите го користи само бројот на мобилниот телефон на корисникот, но оператерите не можат да го видат телефонскиот број на корисникот.

Обезбедувачот на услугите не гарантира сигурност на податоците разменети преку смс пораките на ниту еден начин и им советуваме на корисниците во текот на користењето на смс сервисот да не ги даваат своите лични податоци.

Обезбедувачот на услугите има право да ја сними содржината и да ја проследува на трети лица ако тоа е со закон пропишано или ако тие податоци се неопходни за проценка, во склад со законските обврски, за да се:
– извршат законските и судрски одредби или службени барања
– спроведат овие услови на користење
– реагира на кршењето на правата на трети лица или
– заштитат правата, сопственоста и личната безбедност на обезбедувачот на услугите, неговите корисници или јавности.

Функционирање на сервисот

Обезбедувач на услугите е претпријатието Adriatek ltd. 3501 Jack Northrop Ave, Suite # B7672, Hawthorne, CA 90250, USA.

Смс чет сервисот се нуди на краткиот број 149330 за Македонија.

Смс сервисот кој се огласува на разни места (ТВ, радио, интернет страници) може да го користат сите полнолетни корисници на сите мобилни мрежи на територијата на Македонија.

За користење на сервисот потребно е да се активира сервисот во зависност од типот на сервисот на еден од следниве начини:
– со праќање на адекватни клучни зборови за активација
– со пополнување на формулар на веб страната и/или со праќање потврда на примената порака.
– со одговарање на пораката по упатството кое е содржано во пораката или на местото на огласување.

Цената на една порака во чет сервисот во Македонија е 35,4 ден. Цените се прикажани со ДДВ на веб страната или на другите рекламни материјали во склад со законот.

Првата смс порака која корисникот ја праќа мора да го содржи правилниот клучен збор на почетокот, инаку нема да биде процесуирана. Обезбедувач на услугите во такви ситуации не сноси никаква одговорност и на корисникот ќе му испорача смс порака со упатство како да влезе на правилен начин.

За прекинување на користењето на сервисот во било кој момент е потребно да се прати Клучен збор STOP во смс пораката. Обезбедувач на услугите го задржува правото да го исклучи корисникот на чет сервисот без праќање на клучен збор STOP во било кој момент ако тој ги крши правилата наведени во делот „Обврски на корисникот„

За поддршка и рекламации секогаш можете да се обратите на емаилот ivana@upoznavanje.com.

Општи правила и услови за користење на сервисот

Смс чет сервисот е од забавен карактери овозможува допишување помеѓу корисникот и оператерите.

Обезбедувачот на услугите може да определи друг Клучен збор кој ќе го објави во огласите во кои се рекламира услугата. Клучниот збор служи за да се одвојат корисниците на различните сервиси (смс чет, астро чет и сл.) како и корисниците внатре во истиот сервис (четот) но со различни имиња.

За да го користи овој сервис корисникот мора да има најмалку 18 години. Доколку корисникот користи туѓ мобилен телефон, мора да има согласност на претплатникот/сопственикот на налогот на мобилната услуга (мобилниот телефон) да се пријави и да го користи сервисот во негово име.

Обезбедувачот на услугите има право да ги менува цените на своите услуги, но е должен за тоа да ги извести корисниците на сите места каде што се поставени условите и упатствата за користење на услугите на сервисот. Ако обезбедувачот на услугите во текот на периодот на услугите, ја промени цената на услугите, корисникот останува корисник на услугите се додека не се одјави од сервисот.

Корисниците на овој сервис можат да добијат максимално 2 (два) пати неделно ненарачани бесплатни СМС пораки. Корисниците исто така се согласуваат дека обезбедувачот на услугите може да ги користи броевите на нивниот мобилен телефон во своите маркетиншки активност, што значи дека на својот мобилен телефон можат да примат и до 4 пати месечно бесплатни СМС или ММС пораки.

По активирањето на сервисот корисникот може да разменува пораки во рамките на сервисот без праќање на клучен збор. СМС чет е сервис со забавен карактер и податоците (лични податоци, фотографии, опис и сл.) кои се разменуваат во него не мораат да бидат точни и обезбедувачот на услугите не ја гарантира точноста на овие податоци.

Обезбедувачот на услугите може да користи оператери кои ќе комуницираат со корисниците користејќи прекари. Доколку оператерот не е пријавен на системот во времето кога корисникот ќе прати порака, одговорот на пораката може да се реализира по следната пријава на системот или одговарањето може да го превземе друг оператер.

Оператерите не се должни да даваат лични податоци, не мораат да се согласат на остварување на личниот контакт и можат да користат повеќе имиња и прекари во рамките на севисот. Оператерот може од корисникот да побара некаков личен податок, но корисникот не е должен да му овозможи на оператерот точен податок.

Сите оператери како и корисниците смеат да користат различни идентитети, имиња и прекари, со тоа обезбедувачот на услугите на ниту еден начин не е одговорен за точноста на било кои информации пренесени на сервисот. Корисникот на услугите не е во можност да бира со кој оператер ќе разговара.

Корисникот има право и можност да престане со комуникацијата во било кое време така што нема да одговори на примената порака која му стигнала од телефонскиот број со додадена вредност. На овој начин корисникот не се одјавил од сервисот, и можно е да прими порака од сервисот.

Обезбедувачот на услугите може да прати и teaser смс пораки во склад со законската регулатива од областа на телекомуникацијата во случај таа порака да биде одобрена од натпровајдерот како и од мобилниот провајдер. Обезбедувачот на сервисот има право автоматски или мануално да цензурира дел од примените или пратените пораки со цел заштита на личните податоци на корисникот на сервисот.

Сите содржини поставени на местата на огласувањето се подлежни на авторски права и во целост се во сопственост на обезбедувачот на услугите, податоците и сликите кои се прикажани во рекламните содржини на веб страната или на ТВ рекламата (лични податоци, фотографии, опис и сл.), како и податоците разменети во смс пораките и емаил пораките не претставуваат точни податоци на оператерот заради заштитата на приватноста, туку се само во промотивни цели.

Обезбедувачот на услугите го задржува правото на промена на содржината на нашите страници, вклучувајќи го и укинувањето на севисот или промена на функционалноста на неговиот дел.

Обврски на корисникот

Корисникот е одговорен за содржината на пораките кои ги праќа.

Корисникот се обврзува дека во текот на разменувањето на пораки со оператиерите нема да открива свои лични податоци како што се име, адреса, телефонски број, е маил или поштенски број, живеалиште, место на работа или училиште, или други лични информации.

Оператерот може од корисникот да побара некој личен податок, но корисникот не е должен да му овозможи на оператерот точен податок. Сите оператери како и корисници можат да користат различни идентитети, имиња и прекари, и според тоа обезбедувачот на услугите на ниту еден начин не е одговорен за точноста на било кои информации пренесени на четот или на местата на огласување.

Доколку корисникот му ги открие на оператерот своите лични податоци, го ослободува обезбедувачот на услугите од било каква одговорност и надокнада на штета, бидејќи постапил против правилата на сервисот.

Обезбедувачот на услугите односно оператерот има право да му го прекине допишувањето и нудењето на услугите на корисникот кој праќа СМС со содржина која е забранета и тоа без никакво известување и објаснување.

Корисникот на сервисот се обврзува дека ке ги почитува правилата за користење на севисот и строго се забранува:
– обид за заканување и/или вознемирување и навредување на било која личност по пат на овие услуги врз основа на религија, пол, сексуална ориентација, раса, етничка припадност, воздраст или инвалидитет
– нудење други производи и услуги, а посебно било каков вид на сексуални услуги или услуги кои се забранети со закон
– заканување со самоповредување или со самоубиство
– неовластен пристап кон било кои податоци или обид да се достават некои информации за други луѓе
– било какви пораки кои се однесуваат на насилство над деца или имаат врска со детска порнографија
– било какви пораки кои се однесуваат на користење или дистрибуција на дроги
– секакво ширење на информации и пораки со кои се кршат авторски права, етички, морални и законски одредби

Завршни одредби

Обезбедувачот на услугите се обидува да овозможи максимална можна достапност на сервисот. Заради техничките карактеристики на интернет конекцијата и на мобилната телефонија, на коишто обезбедувачот на услугите нема влијание, сепак може да дојде до повремен прекид во преносот на податоците – во работата на сервисот. Обезбедувачот на услугите не може да гарантира достапност и пристап на сервисот.

Обезбедувачот на услугите не е одговорен доколку корисникот не може да ја користи услугата заради ограничувања на неговиот провајдер.

Во рамките на надлежността се зема местото на надлежноста на обезбедувачот на услугите, освен ако не е поинаку наведено во рамките на сервисот. Местото на корисникот не ја определува надлежноста по било која основа. Местото на извршувањето на услугите е 3501 Jack Northrop Ave Suite # B7672, Hawthorne, CA 90250, USA.

Обезбедувачот на услугите нема да сноси никаква одговорност и не може да нуди услуги во случај на работа на мрежата, снемување струја или други технички потешкотии кои можат привремено да го попречат функционирањето на услугата. Ова посебно се однесува на случајот на неактивност од страна на интернет провајдерот.

Обезбедувачот на услугите не е одговорен за прекин во текот на услугата, како резултат на делувањето на корисникот (на пр. Исклучен телефон, исклучен телефон поради празна батерија, недостапност на телефонот поради лош сигнал, и тн.).

Обезбедувачот на услугите одбива да превземе одговорност за било какви емоционални или други психолошки или физички последици, исто така, ја отфрлува одговорноста за било каква загуба или материјална штета која корисникот ја претрпел.

За сите дејствија кои ги вршите на нашите страни и на сервисите кои се нудат на нив, сами сносите одговорност. Авторите на страната како и нивните соработници не можат да бидат одговорни за вашите постапки. Доколки користејќи ги нашите страни и сервисите кои се нудат на нив извршите нелегални и со закон забранети активности, вашите податоци, што подразбира ИП адреса, телефонски број, време на пристапот, ќе ги отстапиме на надлежните органи на нивно барање.

Го задржуваме правото на промена на содржината на нашите страни без претходна најава во било кој момент, на било кој начин или од било која причина и не сме одговорни за никакви можни последици кои произлегле од таквите промени. Исто така, обезбедувачот на услугите може во било кој момент да ги промени или дополни овие моментално важечки правила и услови за користење и да ги замени со нови.

Во Белград, мај 2012.