Средба во авион

Се качивме в такси. Исидора не престана да зборува. Во авион имала интересна средба. До неа седело некое момче и биле сами на седиштата. Момчето, Антонио бил информатичар и одел на разговор за работа во нашиот град. Претпоставувам, познавајќи ја Исидора, почнала прва да разговора. Таксито застана, пристигнавме до пансионот.

Но, Исидора сакаше да ми раскаже и виде клупи и мало паркче пред пансионот и ме седна на клупа да ми докаже. Тоа се случило пред еден час во авион и таа мораше да се исповеда. „Леле Даде, пресреќна сум, седни на клупава да ти кажам многу е возбудливо“. Ме викаше Даде затоа што бев постара од неа пет минути. Познавајќи ја морав да ја ислушам инаку немаше да ме остави на мир. Продолжи да зборува не обрнувајќи внимание на мојата нетрпеливост: „Ние разговараме, а тој ме гледа со неговите костенливи очи, мислиш сака да ме голтне. Се појави мала турбуленција, што ме заврти кон него. Се најдовме лице в лице. Тој се зацрвени, а со раката случајно го допрев кај панталоните и ја забележав неговата возбуденост и напнатост. Спонтано ја стави раката на моето рамо и ме повлече кон него. Ме прегрна и ме бакна во образот, а потоа во вратот. Јас ја прифатив претставата и почнавме да се бакнуваме. Не запревме, туку тој полека почна да ми ги гали градите и да ми ги допираше брадавиците низ кошулата. И јас, нормално, се возбудив и се сетив каде можеме да заминеме за да бидеме сами. Влегов в тоалет, а Антонио по мене. Ја затвори вратата. Со рацете почна да поминува низ моето тело и наведнувајќи се продолжи да ме бакнува преку гаќичките. Потоа, се заврте и застана зад мене. Ми ја крена високо кошулата, бакнувајќи ми го вратот. Неговите прсти се движеа надолу соблекувајќи ми ги гаќичките и нежно галејќи ми го задникот. Некој чукна силно на вратата. Тоа беше стјуардесата, која викаше секој да седне на своето место бидејќи авионот ќе почнел да се спушта. Се избезумив. Толку ме стресе што срцето почна силно да ми чука како градски часовник и мислам дека ќе ми излезеше од градите. Ни го уништи копнежот. Излеговме двајцата црвени жар. Ги врзавме појасите. Не можев да се смирам. Мислам дека мозокот ми застана. Авионот почна да се спушта. Кога слетавме, Антонио се сети да ми го побара мојот број на телефон, но за посигурно, му го дадов твојот број“.

Ја погледнав со прекорен поглед и не можев да не ѝ преречам: „Исидора, само тебе може да ти се случи вакво доживување. Кога влезе во авион, кога најде момче, не знам. Уште да се заглавевте в тоалет. Па ти патуваш или водиш љубов! Секогаш беспотребно влегуваш во авантури. Уште и мојот број си му го дала! Ајде сега, да влеземе внатре, сите чекаат да те видат со нетрпение“. Одмавна со главата како тоа што го кажав да е нешто измислено. Кога влеговме во пансионот, сите се изненадија. Нè гледаа со зачуден поглед де едната де другата и сите во ист глас викаа: „Неверојатно! Вие две не се разликувате! Сестри близначки сте?“ Мене ми се завртија и ми кажаа вчудоневидено: „Дора, не си споменала досега“. Исидора ги вртеше очите и беше многу среќна што нејзиното доаѓање е придружено со големо внимание од толку непознати лица. Секогаш ѝ се чудев како успеваше од сè да направи претстава во која таа ќе биде во главна улога. И денес, успеа вниманието да го сврти кон неа. Секој има талент за нешто, а таа уживаше кога ќе го искористеше својот талент. Сваривме кафе и Исидора од торбата извади колачиња што ги направила мајка ми. Таа испратила ситни подароци од нашиот крај за моите пријателки. Исидора им ги подели. Добро што Исидора учеше јазици и навистина умееше да се снајде и да разговара со сите. Потоа, и раскажував како поминувам, од почеток не бевме блиски во пансионот, но откако се случи бурата станавме поблиски, а јас со Роза веќе бев најблиска. Двете студиравме медицина и заедно одевме на факултет. И раскажав за студентскиот живот овде, но не знаев многу затоа што, сепак, и јас бев само неколку месеци тука. Ја прашував да раскаже за дома, за тоа како е Виктор, дали се случува нешто ново итн. Таа беше расеана и ме прекинуваше цело време. Сега ѝ беше интригантно дали ќе се јави Антонио. Ми рече дека ако ја покани Антонио, ќе дојде овде и ќе работи или студира. На останатите од пансионот им се допадна многу бидејќи беше забавна. Се договоривме попладне јас и Исидора да излеземе, а потоа сите заедно да се видиме на кафе. Попладнето излеговме да се прошетаме и да ја запознам со околината. Беше фасцинирана од убавината на градот, среденоста и старите културно-историски споменици. Цело време, гледаше лево-десно да не го здогледа Антонио. Ѝ објаснував дека можноста е мала, но Исидора не ме слушаше како и секогаш. Влеговме секаде каде што сметав дека ќе и биде интересно, а нејзе сè ѝ беше интересно и сакаше сè да види. Се заморивме и седнавме на кафе. Додека разговаравме, таа почна да се врти лево-десно. Молчев и се правев дека не ја гледам што прави. Во меѓувреме, се јавивме дома. Мајка ми кога нè слушна двете, се натажи. За да ја расположам, почнав да ѝ го опишувам градот и ѝ реков дека ќе ѝ пратам слики, а Исидора веднаш почна да ја подготвува дека ако ѝ се допадне овде, дека може и ќе остане.

Дојдоа останатите девојки. Пиевме кафе, а јас и Роза се договаравме за другиот ден да одиме на практика заедно. Во пансионот требаше да остане една девојка, Габи и Исидора веднаш се договори со нејзе да прошетаат утредента. На Габи веќе ѝ имав речено, на смеа, но повеќе беше вистина, да внимава на Исидора да не се загуби. Навистина, се плашев да ја оставам сама затоа што сакајќи да ѝ биде интересно, ќе направи или ќе се вплетка во некоја збрка. Како да погодив. Другиот ден отидовме на факултет. Имавме практични вежби и подоцна некои предавања. По вежбите, седнавме да јадеме нешто во студентската кантина.